Објавено: 29 април 2022
„Ден на македонскиот јазик“
На 5 мај 2022 година , со почеток во 12.00 часот во спомен-собата Миладиновци, ќе се одржи програмската манифестација „Ден на македонскиот јазик“. За кодификацијата на македонскиот
литературен јазик беседа ќе одржи проф.д-р Димитар Пандев, а делови од излагањата на Крсте Петков – Мисирков, Блаже Конески, Крум Тошев, Васил Иљоски, како и поезија од Ацо Шопов,
Славко Јаневски и Гане Тодоровски, ќе интерпретира актерката Сања Русеска - Ризеска.