Промоција на книга „Чешмичето раскажува“ од Мирјана Тренчева
Новелата ,, Чешмичето Раскажува“ е тематски и мотивски врзана за Скопје и дава придонес кон богатата и разновидна историја што македонските писатели ја испишуваат во своите дела.
Станува збор за проза која како подлошка го има преданието за тасиното чешмиче во подножјето на Водно како своевидна тажна и поразителна сказна од времето на турското ропство
со злоделата и поразиите што ги носи со себе.
Промотор: Васил Тоциновски
Извадоци од книгата читаа: Иванка Стојкова и Љубица Неделковска