Чествување на Матеја Матевски
На 27 ноември, 2019 година (среда), во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ - Скопје, ќе се одржи Чествување на големиот македонски поет академик Матеја Матевски по повод 90 години од неговото раѓање. За ликот и делото на Матевски ќе зборуваат академик Катица Ќулавкова и Претседателот на Друштвото на писателите на Македонија, Соња Стојменска- Елзесер. Стихови од неговата поезија ќе интерпретира актерот Бобан Алексоски. Настанот ќе се одржи во Спомен-соба на браќата Миладиновци, со почеток во 12:00 часот. Матеја Матевски- Поет, литературен и театарски критичар и преведувач. Автор е на голем број книги а неговата поезија е преведувана на сите европски јазици. Добитник е на сите национални книжевни и општестеви награди во Македонија и на повеќе награди во странство за своето поетски творештво. Во 2011 година ја добива најголемата македонска книжевна награда „Златен венец“ на Струшките вечери на поезијата. Матеја Матевски почина на 6 јуни 2018 година во Скопје