Инфо

Ценовник:

Врз основа на член 13 став 3 од Законот за библиотеките и член 22 став 1 алинеја 11 од Статутот на Јавна установа Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ – Скопје, РСМ, Управниот одбор на седница одржана на 04.08.2022 година ја донесе следната

Одлука

За утврдување на висината на цените на услугите во
Јавна установа Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ – Скопје, РСМ

1 Годишна членарина за возрасни и за ученици во средни училишта 300 ден.
2 Полугодишна членарина за возрасни и за ученици во средни училишта 200 ден.
3 Годишна членарина за ученици до IX одделение 150 ден.
4 Амортизација за користење на белетристика,лектира,стручна и странска литература 15 ден.
5 Годишна членарина за колективен упис за возрасни и правни субјекти 150 ден.
6 Годишна членарина за колективен упис на ученици до IX одделение 100 ден.
7 Годишна членарина за колективен упис на ученици до IX одделение во приградски населби 50 ден.
8 Втора членарина за возрасни и ученициво средни училишта 50 ден.
9 Втора членарина за ученици до IX одделение 20 ден.
10 Годишна членарина за деца од предучилишна возраст, за лица со посебни потреби, за лица од социјално загрозени семејства бесплатно
11 Годишна членарина за пензионери и лица со наполнети 64 години 250 ден.
12 Месечна членарина за користење читална 100 ден.
13 Месечна членарина за дневен престој на дете во игротеката „Другарче“ 500 ден.
14 Годишна членарина за курс по англиски јазик 7.000 ден.
15 За секој ден доцнење по амортизациониот период од 15 дена 2 ден.од ден
16 Замена за загубена членска карта 50 ден.
17 Организација на промоции до 3 часа со опрема на библиотеката 3.000 ден.
18 Организација на семинари,предавања,работилници и друг вид обуки во библиотеката од час 1.000 ден.
19 Организација на семинари, предавања, работилници и друг вид обуки во библиотеката од работен ден (8 часа) 1 ден 6.000 ден.
20 Организација на семинари,предавања,работилници и друг вид обуки во библиотеката од работен ден (8 часа) 2 дена 12.000 ден.
21 Организација на семинари,предавања,работилници и друг вид обука во библиотеката од работен ден (8 часа) 3 дена 16.000 ден.
22 Организација на промоции во Конференциска Сала пд час 3.000 ден.
23 Организација на семинари, предавања, работилници и друг вид обука во Конференциска Сала за 4 часа 10.000 ден.
24 Организација на семинари, предавања, работилници и друг вид обука во Конференциска Сала од работен ден (8 часа) 1 ден 20.000 ден.
25 Организација на семинари, предавања, работилници и друг вид обука во Конференциска Сала од работен ден (8 часа) 2 дена 35.000 ден.
26 Организација на семинари, предавања, работилници и друг вид обука во Конференциска Сала од работен ден (8 часа) 3 дена 50.000 ден.