Учество на конференција на библиотечна унија во Варшава
Директорката на Градската библиотека “Браќа Миладиновци” Скопје м-р Сузана Данаилова во периодот од 21-25 октомври присуствуваше на конференција на Библиотечната унија на СЕЕС во Националната библиотека на Полска во Варшава https://www.bn.org.pl. м-р Сузана Данаилова и Биљана Кочишка се дел од делегацијата од Македонија која е членка на Библиотечната унија на СЕЕС и Кина како дел од Програмата 17+1и учествуваа во тренинг програмата организирана од Националната библиотека на Полска која е активност предвидена со Декларацијата за меѓусебна соработка, потпишана од сите членки на Унијата. Во рамки на програмата покрај темите од област на дигитализација, реставрација и заштита на библиотечниот матерјал, авторски права, е-публикации се реализира и програма за запознавање на процесите на работа во одделите за конзервација и дигитализација, како и разгледување на библиотеките во Варшава.