Објавено: 27 Март 2014
Во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ Скопје се одржа Трибина - Книжевни разговори, на тема „Современата македонска книжевност за деца“ .
Објавено: 14 Мај 2014
ПРОМОЦИЈА НА КНИГАТА „И СТРОФИТЕ РАСТАТ“ ОД АЛЕКСАНДАР КУЈУНЏИСКИ добитник на наградата за литература за деца „Ванчо Николески“ на ДПМ за 2013 година. Промотор ќе биде Весна Мојсова Чепишевска и актерска придружба на Томе Витанов. Промоцијата ќе се одржи на 14 мај (среда) 2014 година во просториите на Библиотеката, со почеток во 12.00 часот
Објавено: 05 Мај 2014
Победници на конкурсот за средношколски есеј на тема: ШТО Е ЕВРОПСКО И ШТО Е МАКЕДОНСКО ВО МОЕТО СЕМЕЈСТВО? Бисера Каранакова СУГС Ѓеорги Димитров-Скопје – I место Антонија Грнчаровска СУГС „ Георги Димитров„ Скопје - II место Емилија Димоска СОУ Св. Наум Охридски, Македонски Брод – II место Исидора Димитриевска СОУ Гимназија „Гоце Делчев“ Куманово - III место
Објавено: 10 Април 2014
Промоција на книгата „Зоон поетикон - аспекти на современата македонска поезија“од Владимир Мартиновски добитник на наградата за литературна критика „Димитар Митрев“ на ДПМ за 2013 година. Промотор: проф. д-р Соња Стојменска - Елзесер и актерска интерпретација: Томе Витанов
Објавено: 07 Април 2014
Денес, на Светскиот ден на здравјето, Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ ја отвори Библиотеката наречена „Игротека-библиотека“ на Универзитетската клиника за детски болести Скопје, во која хоспитализираните деца ќе може да го поминуваат своето време во читање книги.
Објавено: 02 Април 2014
Mеѓународниот ден на детската книга 2 Април беше одбележан во општинската библиотека Илинден, во населбата Илинден, со дружење на учениците од основните училишта со писателката Бистрица Миркуловска. Средбата е дел од Кампањата за популаризација на македонската литература за деца „20 Причини да избереш книга и читање“.
Објавено: 27 Март 2014
Во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ Скопје се одржа Трибина - Книжевни разговори, на тема „Современата македонска книжевност за деца“ .
Објавено: 21 Март 2014
Во Градската библиотека „Брака Миладиновци“ Скопје се одбележа Светскиот ден на поезијата со поетска работилница на тема „Поезијата - креативна енергија на културата на еден народ“.
Објавено: 20 Март 2014
Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ Скопје во соработка со Проектот на УСАИД „Со читање до лидерство’’ кој го спроведува Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор’’ – Македонија, го одбележаа Светскиот ден на раскажувањето
Објавено: 12 Март 2014
На 12 март 2014 година во Спомен собата на Миладиновци, со почеток во 12.00 часот, во Градскта библиотека „Браќа Миладиновци“ во Скопје се одржа Книжевно пладне - одбележување 50 годни од излегувањето на стихозбираката „Корабија“ од академик Радован Павловски.
Објавено: 11 Март 2014
Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ – Скопје изразува голема благодарност до Издавачките куќи топер, култура, детска радост, наша култура и меѓународни училишта Нова, за своите донации на книги кои ќе ја збогатат новата библиотека на Универзитетската клиника за детски болести.
Објавено: 05 Март 2014
Во Централната библиотека „Другарче“ се одржа средба на ученици од ООУ „Лазо Трповски“ со децата од игралната и македонските детски писатели: Горјан Петрески, Стојан Тарапуза и Александар Кујунџиски. Средбата е продолжение на Кампањата „20 причини да избереш книга и читање“. Учениците ги дефинираа 20 - те причини зошто е подобро да се избере книга. Следниот пат се гледаме во Општинската библиотека „Илинден“ .
Објавено: 28 Февруари 2014
На ден 28.02 (петок) 2014 година во 12 часот во просториите на ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ - Скопје беа доделени награди на читатели - рекордери за 2013 година од вкупно 18 библиотеки во градот. На читателите - рекордери и на младите библиотекари кои учествуваа на XIV Општински натпревар им се доделија пригодни подароци во книги, годишна членска книшка и благодарница.
Објавено: 26 Февруари 2014
Директорот на Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ Скопје, г-динот Бранко Цветкоски имаше средба со писателите на детска литература, Косара Гочкова, Стојан Тарапуза, Велко Неделковски, Наум Попески, Васил Мукаетов, кои подарија свои книги на Библиотеката.
Објавено: 14 Февруари 2014
Во петок,14 февруари од 12 часот во просториите на детскиот оддел во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ Скопје, се одржа средба со македонски автори кои својот богат творечки опус го посветиле на најмладите – децата. Македонските писатели Стојан Тарапуза, Горјан Петрески и Велко Неделковски беа гости заедно со учениците од ОУ „Коле Неделковски“.
промотор: Виолета Танчева – Златева
актерска интерпретација: Сања Арсовска