Поетска книга „Човек“
Во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ на 13 ноември во 12.00 часот се одржа промоција на поетската книга „Човек“ од Јовица Ивановски, добитник на наградата „Браќа Миладиновци“ на Струшките вечери на поезијата за 2019 година. За наградента книга зборуваше Владимир Мартиновски а стихови интерпретираше актерот Владимир Петровиќ. Јовица Ивановски е роден 1961 година и е автор е на 14 поетски книги. Со поетски избори е преведен на англиски и српски јазик а делови од неговото творештво се преведени на петнасет јазици и е застапен во повеќе антологиски избори на македонската поезија. Еден е од шесте автори застапени во двојазичната книга Шест македонски поети објавена во Англија 2011 година.