„Меѓународна конференција на библиотекари, иноватори и креативци“
ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ Скопје од 10ти до 12ти мај во Крушево ја одржа „Меѓународната конференција на библиотекари, иноватори и креативци“ на којаучествуваа 112 библиотекари од сите библиотеки во Македонија. Во рамки на Конференцијата се одржаа две предавања - „Гејмификација во библиотеките“ на која предавачи беа Мирко Марковиќ, библиотекрски советник од Интернет Клуб Србија и колешката Ивона Џамтовска Јанкуловска. Второто предавање на тема „Правилник и стретегија за дигитализација на библиотечната граѓа“ го водеа стручни професионални колеги од Универзитетската и Народната библиотека во Белград, д-р Адам Софронијевиќ и Мирољуб Стојановиќ. Презентација за работењето на Одделот за дигитализација при Столична библиотека Софија имаше Радосвета Радева, раководител на центарот за дигитализација. Презентација за алатките и софтверите metso and alto кои се применуваат во библиотеките во Србија имаше д-р Хартмут Јанчиковски, CCS Хамбург Германија. На Конференцијата директорката на Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ Скопје , м-р Сузана Данаилова и директорката на Столична библиотека од Софија, г-ѓа Јулија Цинзова потпишаа меморандум за соработка помеѓу двете градски библиотеки. Искуствата и знаењата од Конференцијата се архивирани и ќе послужат за идни тренинзи на сите вработени во институциите чија задача е дигитализирање на културното наследство.