Збирка на стари и ретки книги


Богатството на една библиотека се вреднува според бројот на книги, но и според колекцијата на раритетни изданија. Библиотеката има колекција на стари и ретки книги од 16, 17, 18, 19 век, значајни за науката, уметноста и културата. Збирката се состои од: старопечатени книги на македонски јазик до 1948 година; старопечатени книги на латиница од 16 до 19 век; старопечатени книги на кирилица; старопечатени книги на арапски и турски јазик. Збирката претставува културно наследство од особено значење - поткатегорија големо значење.

Збирка на старопечатени книги на македонски јазик до 1948 година

Збирката содржи наслови на македонски јазик. Според жанрот преовладуваат дела од областа на: историја, географија, литература, општествено право, психологија, педагогија и др. Збирката е важна бидејќи ги содржи првите изданија на овие дела, исто така, содржи „архивска граѓа“ за историјата на македонскиот јазик, литература и култура.


Збирка на старопечатени книги на латиница од 16 до 19 век

Збирката се состои од наслови кои датираат од 1566 година до 1954 година на латински, старогрчки, француски, англиски и германски јазик, книги со естетско и техничко обликување од висок квалитет (ex libris, специјална подврска, специфичен формат, оригинални илустрации, гравури и портрети на познати владетели и монарси), кои имаат историска и уметничка вредност. Во збирката се содржани: речници, збирки на поеми, есеи, басни, записи од патувања со географски карти, прирачници од областа на природните науки. Збирката има голема важност според својата старост и вредност на податоците, како и според богатството на илуминации.


Збирка на старопечатени книги на кирилица

Збирката содржи наслови на македонски, српски, бугарски и руски јазик, поетски и прозни дела, прирачници од областа на историјата, географијата, религијата, педагогијата и уметноста.


Збирка на старопечатени книги на арапски и турски јазик

Збирката е составена од наслови, печатени на арапски и турски јазик.


Правилник за користење на стари и ретки книги:
  • Збирката Стари и ретки книги може да ја користат членови на Библиотеката.
  • Старите книги не се позајмуваат надвор од Библиотеката.
  • Старите и ретки книги достапни се за разгледување и користење на членовите на Библиотеката, без фотокопирање и скенирање, единствено во просториите на Библиотеката, со претходна најава и во присуство на библиотекар.

Дел од колекцијата на уметнички слики во сопственост на ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ Скопје

Димитар Пандилов
ВРАЌАЊЕ / RETURNING, 1945
Вангел Коџоман
ПАЗАР / BAZAAR, 1948
Вангел Коџоман
СТРУГА / STRUGA, 1949
Томо Владимирски
МЕЧКИН КАМЕН / MECKIN KAMEN
Томо Шијак
ПЕЈСАЖ / LANDSCAPE, 1978
Глигор Чемерски
СРТ / RIDGE, 1973
Васко Ташковски
ВЕГЕТАЦИЈА / VEGETATION
Данчо Ордев
1993
Владимир Георгиевски
МАРКО ЦЕПЕНКОВ / MARCO CEPENKOV, 1999
Димитар Стојчевски
НЕОБИЧНА ЦИВИЛИЗАЦИЈА / UNUSUAL CIVILIZATION, 1972
Гоце Божурски
2003