Настани

Објавено: 17 декември 2021 Сто години од раѓањето на Блаже Конески

Еден век нé дели од неговото појавување на македонското поетско соѕвездие. Во временски рамки тоа можеби е малку, но мерејќи со македонскиот хронометар на постоењето тоа е вечност што нé одржува и турка нанапред низ сите магли и ветрометини.

Објавено: 16 декември 2021 Известување

Почитувани читатели,
Управниот одбор на ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ – Скопје, РСМ на седница одржана на ден 10.11.2021 година, го разгледа Вашето барање од 09.11.2021 година во врска со враќањето на работното време на читалните 24/7 и со оглед на актуелната состојба со пандемијата на вирусот КОВИД 19 го потврдува заклучокот на органот на управување број.02-440/5 од 19.08.2021 година поради непостоење на реални услови за одобрување на истото.

Библиотеката ја следи состојбата со пандемијата и доколку се создадат услови ќе излезе во пресрет на барањето на студентите, внимавајќи на здравјето на сите корисници и вработени во библиотеката. Работно време на читалните од 07 до 21 часот (понеделник до петок)

Управен Одбор,
Претседател,
Билјана Јанакиеска

Објавено: 07 декември 2021 „Најмладите пријатели на библиотеката во светот на бајките“

Во библиотеката „Јане Сандански“ во нас.Аеродром, се одржа наставна активност на тема: „Најмладите пријатели на библиотеката во светот на бајките“, на која присуствуваа првачиња од ООУ „Ѓорѓија Пулевски“.Со одржување на ваквите активности најмладите имаат можност да уживаат во нивните омилени сказни и да се запознаат со фондот и услугите на детските оддели во градската библиотека. Настанот се одржа со строго почитување на сите протоколи за заштита од КОВИД-19

Објавено: 07 декември 2021 Во чест на „Св.Климент Охридски“

ЈУ Градската библиотека „Браќа Миладиновци”- Скопје, библиотека „Другарче“ по 13-ти пат организираше литературен конкурс на тема:
* Мојата најомилена книга
* Библиотеката во моите очи


Објавено: 18 Ноември 2021 Известување

Почитувани читатели,
Градската библиотека „Браќа Миладиновци“, сакајќи да излезе во пресрет на барањето на Универзитетското студентско собрание на „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје , ќе побара мислење од Комисијата за заразни болести и Министерството за здравство за продолжување на работното време на читалните од 21 часот (како што работат сега) на 24/7 и ќе постапи согласно препораките од Комисијата.

Објавено: 15 Ноември 2021 76 години Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ Скопје

Денешниот ден е уште едно значајно испишување на историјата на библиотеката, почнувајќи од 15ти ноември 1945 година, кога Градската библиотека ја започна својата културно – просветна дејност.


Објавено: 15 Октомври 2021 Работен дел на Вториот форум на библиотечна унија, “Libraries as essential in challenging times offer meaningful connectivity: New approaches to library design”

13 октомври Панел 1 и 2, Integration of Libraries in the Post-epidemic era, What`s next? Development of Public Libraries, Construction of Smart Libraries 14 октомври Панел 3 и 4 Library development mode under the integration of tradition and innovation, Libraries and digital inclusion; Post-epidemic period and reading promotion, Knowledge, Globalization, Development

Објавено: 15 Октомври 2021 Свечено отворање на Вториот форум на библиотечна унија на земјите од ЦИЕ и НР Кина во Градска библиотека “Браќа Миладиновци” Скопје

Свечено отворање на Вториот форум на библиотечна унија на земјите од ЦИЕ и НР Кина во Градска библиотека “Браќа Миладиновци” Скопје во присуство на г-ѓа Сузана Данаилова, директор на ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци“, г-ѓа Ирена Стефоска, министер за култура на Р. Северна Македонија, г. Џанг Хју, министер за култура и туризам на Народна Република Кина, г-ѓа Љубица Јанчева, претседател на совет на Град Скопје, г.Џанг Ѕуо, амбасадор на Народна Република Кина во Р. Северна Македонија и г-ѓа Барбара Лисон, претседател на ИФЛА

Објавено: 08 Октомври 2021 Втор форум на библиотечна унија на земјите од ЦИЕ и НР Кина

ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ Скопје е членка на „Библиотечна унија на земјите од ЦИЕ и НР Кина“ од 2018 година кога беше одржан Првиот Форум на унијата во градот Ханџу НР Кина, во Градската библиотека, каде се наоѓа Секретаријатот на Библиотечната унија. Библиотечната унија е дел од меѓународната соработка на Унијата на земјите од ЦИЕ и НР Кина и центарот за културна соработка на земјите од Унијата со центар во Скопје.


Објавено: 04 Октомври 2021 Литературно читање за деца

На 04.10.2021 год., понеделник, во 12 часот, библиотеката „Ј.Х.Џинот“ - Драчево, која е дел од интегрираниот систем на ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци”- Скопје, беше домаќин на уште еден културен настан кој е дел од проектот „Читај ми“, финансиски подржан од Градот Скопје. Настанот е плод на заедничка организација и реализација на библиотеката „Ј.Х.Џинот“ и издавачките

Објавено: 17 Септември 2021 “Детски литературен хепенинг“

На 17.09.2021 год., петок, во 12 часот, библиотеката „Илинден“ која е дел од интегрираниот систем на ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци”- Скопје, беше домаќин на интересен културен настан, литературно читање за деца на возраст од 8-12 години.

Објавено: 23 Август 2021 Курс по англиски јазик

Библиотеката „Другарче“ врши упис на ученици од III до IX одделение за курс по англиски јазик. Новата учебна година започнува на 15 септември 2021 год. Информации на тел. 02/3061-551 и 075 603 856 или во просториите на библиотеката.

Објавено: 30 Јули 2021 Промоција на книгата „Кажете им дека заминав“

На 29ти јули 2021 година, во паркот на ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци “ – Скопје, се одржа промоција на најновата поетска книга на македонскиот поет Томе Велков „Кажете им дека заминав“. Марина Мијаковска зборуваше за најновата книга на Велков. Стихови од поезијата на авторот интерпретираше актерот Теоман Маскут. Томе Велков а автор на поетските книги: „Јужен ветер“, „Копнежи и соништа“, „Жолти сеќавања“ и „Чудно време“.

Објавено: 27 Јули 2021 Промоција на „Кажете им дека заминав“

Во четврток, 29 јули 2021 година, со почеток во 19.00 часот во паркот на ЈУ Градска библиотека „Брака Миладиновци “ – Скопје, ќе се одржи промоција на најновата поетска книга на македонскиот поет Томе Велков „Кажете им дека заминав“. За најновата книга на Велков ќе зборува Марина Мијаковска а стихови ќе чита актерот Теоман Маскут. Томе Велков а автор на поетските книги: „Јуќен ветер“, „Копнежи и соништа“, „Жолти сеќавања“ и „Чудно време“.

Објавено: 02 Јуни 2021 Чествување на Коле Чашуле

На 2 јуни 2021 година во ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци“- Скопје се одржа чествување на големиот македонски прозаист и драматичар Коле Чашуле.

Објавено: 28 Мај 2021 Чествување на Коле Чашуле

На 2 јуни 2021 година во ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци“- Скопје ќе се одржи чествување на големиот македонски прозаист и драматичар Коле Чашуле. Чествувањето е по повод сто години од неговото раѓање. За огромното дело на Коле Чашуле ќе говори проф.д-р Весна Мојсова -Чепишевска а делови од творештвото ќе интерпретира актерката Јована Спасиќ.

Објавено: 28 Мај 2021 Дигитална библиотека „Браќа Миладиновци“ - Скопје

Дигитализацијата на книжниот фонд на библиотеките е дел од современата пракса која овозможува тој да биде зачуван, архивиран, презентиран и лесно достапен во форма на онлајн дигитална библиотека до корисниците.

Објавено: 21 Мај 2021 Во чест на Светите Браќа

Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ - Скопје, библиотека „Другарче“ традиционално, по 10-ти пат организираше литературен натпревар-конкурс по повод празникот „Св. Кирил и Методиј“ (24-ти Мај) за учениците од основните училишта во Скопје. Поради пандемијата со КОВИД 19 натпреварот мораше да се одржи ONLINE, а истиот немаше меѓународен карактер како минатата година. Оваа година учениците имаа две теми за литературно претставување:

Објавено: 05 Мај 2021 Известување

Почитувани читатели, од 06.05.2021г. библиотеката ќе работи од понеделник-петок до 19 часот

Објавено: 21 Април 2021 Одлука за избор за унапредување

Врз основа на член 77-и од Законот за култура и член 15 од Правилникот за унапредување на даватели на јавни услуги во културата во ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ - Скопје,РСМ, согласно Интерниот оглас за унапредување бр.02-243/1 од 13.04.2021 објавен на веб страната на Библиотеката и донесениот предлог на комисијата бр.02 – 301/1 од 20.04.2021 година, директорот ја донесе следната одлука.

Објавено: 13 Април 2021 Интерен оглас за унапредување

Врз основа на член 77-и од Законот за културата („Службен весник на РМ„ бр.31/98,49/03,82/05, 24/07, 116/10, 47/11, 51/11, 136/12, 23/13, 44/14, 61/15, 154/15, 39/16) и член 4 од Правилникот за унапредување на даватели на јавни услуги во културата на Јавната установа Градска библиотека „Браќа Миладиновци„ – Скопје, РСМ, согласно известувањето бр.18-3284/2 од 07.04.2021 година на Министерството за финансии за обезбедени финансиски средства, Секторот за општи – правни, материјално финансиски работи и човечки ресурси, објавува Интерен оглас

Објавено: 13 Април 2021 Онлајн работилница

Во периодот од 7 - 8 април, нашата библиотека, односно неколку библиотекари имаа можност да учествува на онлајн работилницата за развој на компетенции за писменост и други јазици преку организирани активности. Работилницата беше реализирана во рамките на проектот Еразмус +

Објавено: 13 Април 2021 Јавен оглас

ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци„ – Скопје, РСМ има потреба од вработување на 8(осум) лица на определено време: 1(еден) административен службеник, 3(три) даватели на јавни услуги и 4 (четири) помошно-технички лица, на следните работни места :

Објавено: 31 Март 2021 Известување

ПОЧИТУВАНИ ЧИТАТЕЛИ, ВО СОГЛАСНОСТ СО НОВИТЕ МЕРКИ НА ВЛАДАТА, ОД 06.04.2021 ДО 20.04.2021 БИБЛИОТЕКАТА ЌЕ РАБОТИ ОД ПОНЕДЕЛНИК – ПЕТОК ДО 18 ЧАСОТ

Објавено: 31 Март 2021 Дигитализација на збирката на стари и ретки книги, стари весници и фотографии од фондот на ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци, Скопје

ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ Скопје е носител и организатор на Проектот „Дигитализација на збирка на стари и ретки книги и фотографии од фондот на ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци, Скопје“, финансиран од Град Скопје и Градоначалникот, а воедно е дел од Програмата во областа на културата од јавен интерес за Град Скопје за 2020 година.

Објавено: 22 Март 2021 Одбележување на 21 Март - Светскиот ден на поезијата

По повод Светскиот ден на поезијата 21 Март, Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ - Скопје и Средното училиште на Град Скопје „Георги Димитров“ ја продолжуваат долгогодишната соработка во организирање и реализирање заеднички културни настани.

Објавено: 22 Март 2021 Меморандум за соработка

Директорката на ЈУ Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ - Скопје и директоротна ПСЗУ „Хантерс Лајф“ - Катланово, Скопје потпишаа меморандум за соработка кој ќе опфати низа активности од областа на едукацијата, социјализацијата, интерактивноста и креативноста на старите лица преку библиотерапија.

Објавено: 18 Март 2021 Чествување на Анте Поповски

На 18 март 2021 година, со почеток во 12.00 часот во ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ - Скопје, се одржи честување на големиот македонски поет Анте Поповски. По повод 90 години од неговото раѓање беседа за неговото творештво одржа проф. д-р Кристина Николовска, а стихови од неговата поезија рецитираше актерката Јована Спасиќ

Објавено: 16 Март 2021 Чествување на Анте Поповски

На 18 март 2021 година, со почеток во 12.00 часот во ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци“- Скопје, ќе се одржи честување на големиот македонски поет Анте Поповски. По повод 90 години од неговото раѓање беседа за неговото творештво ќе одржи проф. д-р Кристина Николовска, а стихови од неговата поезија ќе рецитира актерката Јована Спасиќ.

Објавено: 16 Февруари 2021 Читател рекордер за 2020 година

Манифестацијата „Читател рекордер“ за 2020 година, која традиционално се одржува во нашата библиотека, но поради пандемијата која го зафати целиот свет, не можеше да се одржи со физичко присуство. Библиотека „Браќа Миладиновци“ продолжува со традицијата и одлучи да ги награди најредовни читатели, со пофалница и бесплатна годишна членска карта.

Објавено: 18 Јануари 2021 Известување

На ден 19 Јануари (Вторник) библиотеката нема да работи


Објавено: 09 Јануари 2021 Здружение Светла Надеж

На 09.01.2021 год., во библотеката “Цветан Димов” започна прва активност со тема “Комуникација”. Имаме задоволство да соработуваме со здружението “Dritë Shprese” (Светла Надеж)...

Објавено: 29 Декември 2020 Известување

На ден 31(четврток) Декември одделенијата за позајмување книги ќе бидат отворени до 12ч. Читалните ќе бидат отворени до 12ч. На ден 01(петок) Јануари, 2021г. библиотеката нема да работи.

Објавено: 24 Декември 2020 Новогодишни желби

И оваа година желбите на студентите од читалната при Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ испишани на новогодишната елка, патуваат до Дедо Мраз. Посакуваме во Новата 2021 година, сите желби да им бидат исполнети.

Објавено: 22 Декември 2020 Донација на книги од Форумот на словенските култури (ФСК) – по предлог од издавачката куќа „Слово“

Форумот на словенските култури (ФСК) со седиште во Љубљана, Словенија, кој ја координира културната соработка на тринаесет словенски земји членки на планот на културата и уметноста, во соработка со издавачи во одделните држави, го остварува и познатиот проект „100 словенски романи“.

Објавено: 17 Декември 2020 Признание

Национална установа - Центар за култура "Ацо Шопов" - Штип додели Признание на ЈУ Градска библиотека "Браќа Миладиновци" - Скопје за афирмација и популаризација на ликот и делото на Ацо Шопов


Објавено: 11 Декември 2020 Во чест на Св. Климент

По 12-ти пат учениците од основните училишта во Скопје, а од оваа година и од соседните држави имаа можност да земат учество на Меѓународниот литературен конкурс организиран од библиотека „Другарче“, ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ - Скопје, во чест на празникот „Св. Климент Охридски“.

Објавено: 28 Септември 2020 Бела ноќ

Во рамките на овогодишната Бела ноќ, во ЈУ Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ - Скопје, со почеток во 20 часот, се одржа поетско читање на новата генерација современи Македонски поети...

Објавено: 22 Септември 2020 Библиотеки на интернет за време на пандемијата КОВИД 19

Почитувани,
На 22, 23 и 24 септември 2020 година беше организиран експертски состанок на Златибор и Чајетина Пандемијата покрена многу тешки прашања. Прашањето над сите прашања е - како библиотекарите ја вршат својата работа? Библиотеките треба да се навикнат на реалноста на работење во време на пандемијата на КОВИД 19. Во првите редови е влијанието на дигиталните технологии, односно како корисниците, како и давателите на услуги, можат да користат дигитални алатки за да ја подобрат нивната интеракција, но и глобалната работа. Користете го трансформацискиот потенцијал на дигитализацијата при создавањето на високо поврзани интелигентни, ефикасни, сигурни и одржливи библиотечни услуги. Погледнете ги видеата во следниот линк:

Објавено: 31 Август 2020 Соопштение

Почитувани,
Од 01.09.2020 година започнува со работа читалната во библиотека ,,Страшо Пиџур”, која е дел од ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци“- Скопје. Библиотеката се наоѓа на улица ,,11 Октомври” бб. Читалната со 18 слободни места ќе работи со однапред утврден протоколод 08:00 до 19:00 часот од понеделник до петок

Објавено: 27 Август 2020 Соопштение за работа на читалните

Почитувани,
Од 01.09.2020 година читалните ќе работат од 08:00 до 19:00 часот од понеделник до петок. Протоколот за работа на читалните е на следниот линк


Објавено: 07 Август 2020 Универзална децимална класификација

Во издание на ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци“-Скопје излезе од печат библиотекарскиот прирачник „Универзална децимална класификација“ од авторите Силвана Јакимова, библиотекар-советник и Радослав Љубиќ, библиотекар-советник.

Објавено: 30 Јули 2020 „Силно светнал ден“

„Силно светнал ден“ во ЈУ Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ Реконструирана електриката и плафоните во холовите на приземје и првиот кат.

Објавено: 20 Април 2020 „Моќта на словото“

Почитувани,
Во издание на ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ - Скопје излезе одпечат книгата „Моќта на словото“ на авторите Радослав Љубиќ и СилванаЈакимова. Издавањето на книгата е финансиски помогнато од Министерството за култура на Р.С. Македонија. Библиотеката „Другарче“ која е дел од ЈУ Градска библиотека „БраќаМиладиновци“ е местото каде што секоја година, на 8-ми декември се чествува празникот „Св. Климент Охридски“. Оваа Библиотека ја има таа „привилегија“ да ги „консумира“ најдобрите детски литературни остварувања во чест Светецот македонски, сесловенски. Книгата ги содржи наградените творби на литературните конкурси организирани во таа чест, од 2011 година до денес.

Објавено: 12 Март 2020 Соопштение

Почитувани,
Согласно мерките и препораките од Владата (по предлог заклучоци од Комисија за заразни болести) донесени на ден 11.03.2020 година ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ - Скопје донесе одлука дека Библиотеката нема да работи со корисниците, односно ќе биде затворена. Одлуката стапува во сила веднаш. За престанокот на оваа одлука дополнително ќе бидете известени согласно состојбата и препораките.

Објавено: 10 Март 2020 Соопштение

Почитувани,
Согласно мерките и препораките од Владата (по предлог заклучоци од Комисија за заразни болести) донесени на ден 10.03.2020 година ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ - Скопје донесе одлука дека Библиотеката нема да работи со корисниците на читалните, односно ќе бидат затворени. Одделите за издавање на книги ќе си работат со нормално работно време. Одлуката стапува во сила веднаш . За престанокот на оваа одлука дополнително ќе бидете известени согласно состојбата и препораките.

Објавено: 10 Февруари 2020 Интерактивна книжевна работилница

Во нашата библиотека на 13 февруари 2020 година ќе се одржи Интерактивна книжевна работилница посветена на списанието за деца „Развигор“. Средбата ќе се одржи во соработка со Редакцијата „Детска радост“ и на неа ќе присуствуваат наставниот кадар и учениците од ООУ „Кирил и Методиј“ од Стајковци. Гости на настанот ќе бидат Славчо Пеев, одговорен уредник на списанието за деца „Развигор“, Вера Андон, поет за деца, Ксенија Трајчева, писател за деца и Сузана Томовска, илустратот за деца.Средбата да ќе се одржи во спомен-собата Миладиновци со почеток во 11.00 часот.

Објавено: 10 Февруари 2020 Nescafe новиот простор за кафе и разговори за сите посетители

Книгите и кафето отсекогаш одлично си пасувале 😊. Библиотеката "Браќа Миладиновци" благодарение на Nescafe го доби новиот простор за кафе и разговори за сите посетители.


Објавено: 23 Декември 2019 Одлука за избор

Одлука на избор на кандидати по објавен јавен оглас за вработување на неопределено време во ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ – Скопје.

Објавено: 16 Декември 2019 Акција за чистење на 20 локации во Скопје

Градска библиотека " Браќа Миладиновци " спремни за акција

Објавено: 12 Декември 2019 Промоција на поетската книга „Крстна коска“

На19 декември во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ ќе се одржи промоција на поетската книга „Крстна коска“ од Наташа Сарџовска. За најновото поетско остварување на Сарџовска ќе зборува проф. д-р Владимир Мартиновски а стихови од нејзината поезија ќе интерпретира актерката Софија Настевска Промоцијата ќе се одржи во Спомен-собата на Миладиновци со почеток во 12 часот.

Објавено: 06 Декември 2019 Јавен оглас за вработување на 3(три) лица

ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци„ – Скопје има потреба од вработување на 3(три) лица:даватели на јавни услуги , на следните работни места :

Објавено: 06 Декември 2019 Библиотека на годината

Комисијата за доделување на признанието „Библиотека на годината“, работејќи според насоките на Правилникот за доделување на признанието „Библиотека на годината“ и следејќи ги Критериумите за вреднување / проценување на посебноста за доделување на признанието „Библиотека на годината“ заклучија дека...

Објавено: 05 Декември 2019 Чествување на празникот „св. Климент Охридски“ во библиотеката „Другарче“

Во библиотеката „Другарче“ се одржа XII литературна манифестација по повод празникот Св. Климент Охридски. Со учество на ученици од Р. Србија оваа манифестација доби статус на меѓународна. Доделени се награди на учениците од 17 основни училишта, кои учествуваа на литературниот конкурс на тема „Моќта на словото“.

Објавено: 03 Декември 2019 Промоција на книга „Чешмичето раскажува“ од Мирјана Тренчева

Новелата ,, Чешмичето Раскажува“ е тематски и мотивски врзана за Скопје и дава придонес кон богатата и разновидна историја што македонските писатели ја испишуваат во своите дела. Станува збор за проза која како подлошка го има преданието за тасиното чешмиче во подножјето на Водно како своевидна тажна и поразителна сказна од времето на турското ропство со злоделата и поразиите што ги носи со себе.

Објавено: 22 Ноември 2019 Чествување на Матеја Матевски

На 27 ноември, 2019 година (среда), во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ - Скопје, ќе се одржи Чествување на големиот македонски поет академик Матеја Матевски по повод 90 години од неговото раѓање. За ликот и делото на Матевски ќе зборуваат академик Катица Ќулавкова и Претседателот на Друштвото на писателите на Македонија

Објавено: 18 Ноември 2019 Републички натпревар „Млади библиотекари“

На 15.11.2019 година се одржа 20. Републички натпревар „Млади библиотекари“ во ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ во Скопје. На натпреварот учествуваа и се натпреваруваа 28 учесници од основните училишта на Република Северна Македонија. Петчлената комисија во состав: Јелисавета Костадинова, претседател, Маја Трајковиќ...

Објавено: 14 Ноември 2019 74 години постоење на ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ - Скопје

На денешен ден пред 74 години на 15 ноември 1945 година Библиотеката ја започнува својата културно просветна дејност. Објавено: „Нова Македонија“, 16 ноември 1945 година

Објавено: 14 Ноември 2019 Поетска книга „Човек“

Во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ на 13 ноември во 12.00 часот се одржа промоција на поетската книга „Човек“ од Јовица Ивановски, добитник на наградата „Браќа Миладиновци“ на Струшките вечери на поезијата за 2019 година. За наградента книга зборуваше Владимир Мартиновски а стихови интерпретираше актерот Владимир Петровиќ. Јовица Ивановски е роден 1961 година и е автор е на 14 поетски книги.

Објавено: 13 Ноември 2019 Промоција на поетска книга

Градската библиотека „Браќа Миладиновци“- Скопје има чест да ве покани на промоција на поетската книга „Човек“ од Јовица Ивановски, добитник на наградата „Браќа Миладиновци“ на Струшките вечери на поезијата за 2019 година. За наградената книга ќе зборува Владимир Мартиновски а стихови ќе интерпретира актерот Владимир Петровиќ. Настанот ќе се одржи на 13 ноември (среда) 2019 година во Спомен - соба на Миладиновци со почеток во 12:00 часот.

Објавено: 31 Октомври 2019 Куклена претстава на тема: Здрава храна, заболекар и бонтон

Учествуваа студенти од Педагошкиот факултет „Св. Климент Охридски“ во Скопје
Изложба на цртежи на учениците од ООУ ,,Димитар Миладинов“ кои ги илустрираа своите впечатоци од претставата

Објавено: 31 Октомври 2019 Корица на книгата

Денес на 31.10.2019 во просториите на централната библиотека “Цветан Димов„ која се наоѓја во општина чаир ја реализиравме активноста по ликовниот предмет со тема : Корица на книгата.

Објавено: 29 Октомври 2019 Литературни творци од Македонија

Традиционална, годишна средба на членовите од Здружението на просветни работници- литературни творци од Македонија. Промовирани и наградени творби од членовите на здружението. Наградата за животно дело е доделена на...

Објавено: 25 Октомври 2019 Библиотека „Другарче“ – ликовна работилница „Златна есен“

Децата кои ја посетуваат игралната на библиотеката изработуваа фигури и колажи од есенски лисја

Објавено: 25 Октомври 2019 Општински натпревар „Млади библиотекари“

На 25 октомври 2019 година, во просториите на ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ – Скопје, беше одржан XX Општински натпревар „Млади библиотекари“. Натпреварот започна во 10.00 часот и траеше 60 минути. Оваа година учествуваа и се натпреваруваа во знаење од областа на библиотекарството 43 ученици од 19 основни општински училишта од Скопје. Победникот ќе учествува на XX Републички натпревар „Млади библиотекари“ кој ќе се одржи, исто така, во ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ – Скопје.

Објавено: 24 Октомври 2019 Учество на конференција на библиотечна унија во Варшава

Директорката на Градската библиотека “Браќа Миладиновци” Скопје м-р Сузана Данаилова во периодот од 21-25 октомври присуствуваше на конференција на Библиотечната унија на СЕЕС во Националната библиотека на Полска во Варшава https://www.bn.org.pl

Објавено: 15 Октомври 2019 Ученици од ОУ „Коле Неделковски“ ја посетија Библиотеката

На 15 октомври 2019 година ученици од ОУ „Коле Неделковски“ од Скопје, предводени од наставничката Радмила Илиева Стојановска и билиотекарот Весна Трајковска ја посетија нашата библиотека. Во рамките на посетата учениците се запознаа со работата на библиотеката, остварија интересни разговори во Детското оделение и присуствуваа на процесот на заштита на оштетените книги.

Објавено: 09 Октомври 2019 Ученици од приватното ОУ „Јахја Кемал“ – Скопје во посета на библиотеката„Другарче“

На 8 и 9 октомври библиотеката „Другарче“ ја посетија ученици од трето одделение одучилиштето „Јахја Кемал“. Посетата се реализираше преку запознавање на учениците со работата во библиотеката, разгледување на библиотечните одделенија и запознавање со начинот на зачленување во библиотеката.

Објавено: 09 Октомври 2019 Наставна активност на тема: „Најмладите пријатели на библиотеката во светот на бајките“

Во Библиотеката ,,Страшо Пинџур“ се одржа наставна активност на тема: ,, Најмладите пријатели на библиотеката во светот на бајките’’ “ на која присуствуваа првачињата од од ООУ „Невена Георгиева -Дуња“. Со одржување на ваквите активности најмладите имаат можност да уживаат во нивните омилени сказни и да се запознаат со фондот и услугите на детските оддели во градската библиотека.

Објавено: 01 Октомври 2019 Пуштен во употреба новиот товарен лифт во библиотеката „Другарче“

Во библиотеката „Другарче“ е поставен и пуштен во употреба товарен лифт, које наменет за пренесување на новонабавените книги кои се обработуваат во одделениетоза стручна обработка на книжниот фонд. Книгите потоа се дистрибуираат до сите 18библиотеки кои се во составот на ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ –Скопје.

Објавено: 30 Септември 2019 Делегација од ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ Скопје

Делегација од ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ Скопје предводена од директорката Сузана Данаилова оствари посета на Град Нинберг на покана на директорката на Градската библиотека во Нинберг, г-ѓа Elisabeth Strater. На работната средба беше договорено потпишување на Меморандум за соработка и планирање на активности за...

Објавено: 18 Септември 2019 Реновирање на училницата каде што се одржува курсот по англиски јазик во библиотеката „Другарче“

Bo библиотеката „Другарче“ со донација на „Осигурување МАКЕДОНИЈА а.д. Скопје – Виена Иншуренс Груп“ извршено е реновирање на училницата каде се одржува курс по англиски јазик. Со тоа се создадени подобри и попријатни услови за работа на учениците кои го посетуваат курсот по англиски јазик во нашата библиотека.

Објавено: 01 Август 2019 TOPSI- едукативно катче за ученици од основно и средно училиште

Во библиотеката „Другарче“ со донација на „Стопанска банка“ а.д. Скопје, формирано е едукативно катче за ученици од основните и средни училишта, за организирање на едукативни работилници, презентации, обуки итн. За таа цел просторот е комплетно реновиран и опремен со соодветен инвентар, компјутерска опрема, смарт табла...

Објавено: 01 Август 2019 Поставување на товарен лифт во библиотеката „Другарче“

Во библиотеката „Другарче“ во тек е поставување на товарен лифт, кој ќе биде наменет за пренесување на книги кои се обработуваат во одделението за обработка на книжен фонд и истите потоа се дистрибуираат до сите 18 библиотеки кои се во составот на ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ – Скопје.

Објавено: 31 Јули 2019 Завршна приредба на децата од игралната во библиотеката „Другарче“

Завршна приредба на децата од игралната во библиотеката „Другарче“ Дечињата кои ја посетуваат игралната при библиотеката „Другарче“ ја имаа завршната приредба. Низ игра и песна, стихотворби и насмевки, тие пред своите најблиски покажаа што научиле за време на својот престој во игралната. Со приредбата децата симболично го означија крајот на своето овогодишно дружење. На сите деца им беа доделени дипломи и подароци.

Објавено: 04 Јули 2019 Министерски Форум за културна соработка на земјите од Процесот 17+1

Центарот за координација на културната соработка меѓу НР Кина и земјите на Централна и Источна Европа (17+1) преку Министерството за култура на Република Северна Македонија активно работи на реализирање на програмата во рамките на Процесот 17+1. Носечка активност на Центарот оваа година е организирањето на 4. Министерски Форум за културна соработка на земјите од Процесот 17+1 кој ќе се одржи во Скопје (19 – 21 Ноември). Наша цел на форумот е усвојување на Декларација за културна соработка кој ќе ги дефинира главните насоки на културната соработка во наредните две години...

Објавено: 02 Јули 2019 Отварање на нова подружница на Златибор

Директорката на ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ Скопје, Сузана Данаилова на покана од директорката на библиотеката Љубиша Р. Џенич - Чајетина присуствуваше заедно со тричлена делегација од ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ Скопје, на денот на библиотеката и отварање на нова подружница на Златибор. По тој повод им подаривме 40 наслова(книги) од светската книжевност преведени на македонски јазик. Овие книги ќе го збогатат нивниот книжен фонд и ќе бидат достапни на читателите кои што сакаат да читаат на македонски јазик.

Објавено: 13 Јуни 2019 Реконструкција на вториот кат

На 10-ти Јуни 2019 година ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ - Скопје започна со реконструкција на вториот кат

Објавено: 07 Јуни 2019 Дигитални услуги во библиотеките 2.0

Од 4 до 6 јуни во Врујци – Србија се одржа три дневниот семинар “Дигитални услуги во библиотеките 2.0“ на кој учествуваа наши библиотекари од Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ – Скопје. На овој семинар се говореше за дигиталната трансформација во културните установи, како и за виртуелниот референтен систем, електронски услуги, информации за заштита….

Објавено: 27 Мај 2019 Чествување на Димитар Митрев

На 29 мај (среда) 2019 година во ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ Скопје ќе се одржи Чествување на Димитар Митрев. На средбата посветена на 100 години од неговото раѓање беседа за основоположникот на современата македонска книжевна критика ќе одржи проф. д-р Весна Мојсова - Чепишевска. На средба ќе биде промовирана и книгата „Мозаик од гласови“ од Лидија Капушевска - Дракулевска, добитник на наградата „Димитар Митрев“ на ДПМ за 2018 година. Наградента книга ќе ја промовира проф. д-р Анастазија Ѓурчинова. Настанот ќе започне во 12.00 часот во Спомен - собата на Миладиновци во Библиотеката.

Објавено: 24 Мај 2019 Читањето е сонување со отворени очи

Во библиотеката „Другарче“ по 8-ми пат се организираше литературен конкурс на тема „Читањето е сонување со отворени очи“, по повод одбележувањето на денот на македонските и словенски просветители „Св. Кирил и Методиј”. Учество на конкурсот зедоа учениците од 14 основни училишта. По тој повод во библиотеката „Другарче“ се одржа прослава на која беа доделени Гран при награди на учениците Христијан Љотиќ од ООУ „Мирче Ацев“ (проза) и Јана Костовска од ООУ „Јоаким Крчовски“ (поезија), а наградени со дипломи беа и останатите учесници. На настанот зедоа учество учениците од хорот и драмската секција од ООУ „Аврам Писевски“ и ученици од музичка секција од ООУ„Јохан Х. Песталоци“.

Објавено: 22 Мај 2019 Чествување на Гане Тодоровски, по повод 90 години од раѓањето

На 22 мај (среда) 2019 година во 12.00 часот, во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ се одржа Чествување на Гане Тодоровски, по повод 90 години од раѓањето. Беседа за Гане Тодоровски одржа писателот Раде Силјан. Стихови од неговото творештво интерпретираше актерот Томе Витанов.

Објавено: 13 Мај 2019 „Меѓународна конференција на библиотекари, иноватори и креативци“

ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ Скопје од 10ти до 12ти мај во Крушево ја одржа „Меѓународната конференција на библиотекари, иноватори и креативци“ на којаучествуваа 112 библиотекари од сите библиотеки во Македонија.

Објавено: 10 Мај 2019 „Меѓународна конференција на библиотекари, иноватори и креативци“

ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ Скопје организира „Меѓународнаконференција на библиотекари, иноватори и креативци“ која оваа година ќе се одрживо Крушево од 10ти до 12ти мај во Хотел Монтана.

Објавено: 03 Јануари 2019 Новогодишни пакетчиња во библиотеката

Во ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ – Скопје, премиерот на Влада на Република Македонија, Зоран Заев со новогодишни пакетчиња од книги ги покани децата да ги спасат јунаците од земјата Фантазија со повеќе читање книги.

Објавено: 26 Декември 2018 Промоција на Зборник „Поетите за Чедо“

На 20 декември 2018 година во Библиотеката се одржа промоција на Зборникот „Поетите за Чедо“ кој е во издание на Советот на манифестацијата „Лесновски ѕвона“ од Кратово. Зборникот го промовираше Братислав Ташковски а стихови посветени на Чедо Јакимовски кажуваа македонски поети. На промоцијата во чест на авторот настапи и оркестарот „Кратовски тамбураши“.

Објавено: 22 Мај 2019 Одлука за избор

На 22 мај (среда) 2019 година во 12.00 часот, во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ се одржа Чествување на Гане Тодоровски, по повод 90 години од раѓањето. Беседа за Гане Тодоровски одржа писателот Раде Силјан. Стихови од неговото творештво интерпретираше актерот Томе Витанов.

Објавено: 13 Мај 2019 „Меѓународна конференција на библиотекари, иноватори и креативци“

ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ Скопје од 10ти до 12ти мај во Крушево ја одржа „Меѓународната конференција на библиотекари, иноватори и креативци“ на којаучествуваа 112 библиотекари од сите библиотеки во Македонија.

Објавено: 10 Мај 2019 „Меѓународна конференција на библиотекари, иноватори и креативци“

ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ Скопје организира „Меѓународнаконференција на библиотекари, иноватори и креативци“ која оваа година ќе се одрживо Крушево од 10ти до 12ти мај во Хотел Монтана.

Објавено: 23 Април 2019 Одбележување на светскиот ден на планетата земја

На 22 април (понеделник) во организација на ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци “ - Скопје се одбележа Светскиот ден на планетата земја, преку реализирање на настанот „Хортикултурна библиотека“ во соработка со учениците од ДСУ „Георги Димитров“ - Скопје отсек - хортикултура и учениците од второ одделение од ОУ „Коле Неделковски“.

Објавено: 17 Април 2019 Книжевно пладне со Трајче Кацаров

На 18 април 2019 година во ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ Скопје ќе се одржи Книжевно пладне со писателот Трајче Кацаров. На средбата ќе биде промовиран неговиот роман за деца Не паркирај гаража , добитник на наградата за литература за деца „Ванчо Николески“ на ДПМ за 2018 година.

Објавено: 20 Март 2019 Делегација од Бон

Делегација од Градот Бон, Р. Германија ја посетија ЈУ Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ на 10.04.2019 година. На работната средба директорката Сузана Данаилова им го презентираше историјатот на библиотеката и плановите за идните активности. Гостите ја разгледаа библиотеката и се запознаа со начинот на работење во одделите.

Објавено: 22 Март 2019 Литературно читање

Во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ – Скопје, во Спомен собата на Миладиновци по повод 21 Март – Светскиот ден на поезијата се одржа литературно читање. На литератуното читање присуствуваа ученици од СУГС „Георги Димитров“ од Скопје под менторство на д-р Соња Енџекова – Сопотска, професор по македонски јазик и литература

Објавено: 20 Март 2019 Светски ден на поезијата

Во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ на 21 март – Светскиот ден на поезијата ќе се одржи литературно читање со ученици од гимназијата „Георги Димитров“ и поетесата Наташа Сарџовска. Одбележувањето на Светскиот ден на поезијата ќе биде во Спомен собата на Миладиновци во 12.30 часот.

Објавено: 26 Февруари 2019 Трибина за детска литература

Актуелни состојби во образованието поврзани со изучувањето и читањето на литературата за деца во Република Македонија. Во организација на ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци“- Скопје, на 28 февруари 2019 година, со почеток во 11.00 часот, ќе се одржи трибина посветена на детската литература во Република Македонија и актуелните состојби во образованието поврзани со изучувањето и читањето на литературата за деца.

Објавено: 07 Февруари 2019 Библиотека за децата

Во библиотеката „Другарче“ на 07.02.2019 година во 13h ќе се одржи едукативно-хуманитарен проект „Библиотеката за децата“. Во рамки на проектот ќе се одржат три едукативни работилници кои се во организација на ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ – Скопје, во соработка со Светлана Јосифоска – Претседател на Здружение на просветни работници и „Јавна установа за згрижување деца со воспитно-социјални проблеми и нарушено поведение“ – Скопје.

Објавено: 22 Февруари 2019 Читател рекордер за 2018

Денес во ЈУ Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ – Скопје, се одржа манифестацијата „Читател рекордер“, која е во организација на библиотеката преку три декади. Секој члeн на Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ – Скопје, има можност да биде читател рекордер. Библиотеката за најредовните читатели и за оние кои прочитале најмногу книги во текот на годината им ја доделува наградата читател рекордер.

Објавено: 22 Февруари 2019 Читател рекордер за 2018

Како и секоја година така и оваа на 22.02.2019 година (петок) во просториите на библиотеката „Браќа Миладиновци“ – Скопје, ќе се одржи манифестацијата „Читател рекордер“ за 2018 година.