Читањето е сонување со отворени очи
Во библиотеката „Другарче“ по 8-ми пат се организираше литературен конкурс на тема „Читањето е сонување со отворени очи“, по повод одбележувањето на денот на македонските и
словенски просветители „Св. Кирил и Методиј”. Учество на конкурсот зедоа учениците од 14 основни училишта. По тој повод во библиотеката „Другарче“ се одржа прослава на која
беа доделени Гран при награди на учениците Христијан Љотиќ од ООУ „Мирче Ацев“ (проза) и Јана Костовска од ООУ „Јоаким Крчовски“ (поезија), а наградени со дипломи беа и останатите
учесници. На настанот зедоа учество учениците од хорот и драмската секција од ООУ „Аврам Писевски“ и ученици од музичка секција од ООУ„Јохан Х. Песталоци“.