Министерски Форум за културна соработка на земјите од Процесот 17+1
Почитувани,
Центарот за координација на културната соработка меѓу НР Кина и земјите на Централна и Источна
Европа (17+1) преку Министерството за култура на Република Северна Македонија активно работи на реализирање на програмата во
рамките на Процесот 17+1. Носечка активност на Центарот оваа година е организирањето на 4. Министерски Форум за културна
соработка на земјите од Процесот 17+1 кој ќе се одржи во Скопје (19 – 21 Ноември). Наша цел на форумот е усвојување на Декларација за културна
соработка кој ќе ги дефинира главните насоки на културната соработка во наредните две години. Во таа насока, сметаме дека е најпродуктивно во
процесот на изготвување на Декларацијата да бидете вклучени и вие како културни работници и претставници на културните институции во кои работите
и творите. Сметаме дека вашето учество во дефинирањето на приоритетите и насокитекои би биле дел од Декларацијата ќе донесе
зголемен квалитет на документот и позитивно влијание врз овој сегмент од меѓународната културна соработка на Република
Северна Македонија. Со цел поблиску да се запознаете со структурата на докментот кој ќе се изработи, во прилог ви јадоставуваме Декларацијата од
Софија, усвоена на Вториот Министерски Форум за кулурна соработка на Кина и Земјите од Централна и Источна Европа одржан во 2015 година.
Како и Декларацијата од Хангжу, усвоена на Третиот министерски Форум за културна соработка на Кина и Земјите од Централна и Источна Европа одржан во 2017
година Состанокот ќе се одржи во просториите на Министерство за култура на Република Северна Македонија во среда 10 јули со почеток во 11:00 часот.
Со почит,