Дигитални услуги во библиотеките 2.0
Од 4 до 6 јуни во Врујци – Србија се одржа три дневниот семинар “Дигитални услуги во библиотеките 2.0“ на кој учествуваа наши библиотекари од Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ – Скопје. На овој семинар се говореше за дигиталната трансформација во културните установи, како и за виртуелниот референтен систем, електронски услуги, информации за заштита, креирање на игра и кратки филмови за книгите. Тие слушаа и предавања за употребата на алатката „animoto“, јавното уредување на дигиталниот магазин, медијска лабараторија, Makerspaces, Hackathon…. Предавачи на овој меѓународен семинар беа : Мирко Марковиќ – (советник библиотекар) и председател на здружението „Интернет клуб“ –Србија, Весна Црнковиќ, Предраг Миличевиќ – Раководител на Секторот за маркетинг и комуникација РНИДС, др. Дејан Масликовиќ – Минстерство за култура – (помошник во секторот за дигитализација на културното наследство), др. Адам Софрониевиќ, раководител во секторот за наука и образование „Интернет клуб“ – Србија, дипл.инж Вукосав Средојевиќ, раководител на тимот за развој и имплементација во „Интернет клуб“ – Србија.