Културно наследство


Јадрото на Градската библиотека „Браќа Миладиновци” го сочинува репрезентативна збирка на стари и ретки книги, но и значајна колекција на уметнички слики, акварели и цртежи од Северно Македонската современа ликовна уметност, кои се единствени по својата вредност. Преку оваа збирка публиката има ретка можност да се запознае со неколку вредни ремекдела на Северно Македонската Модерна, меѓу кои и дела на тројца од северно македонската доајенска седморка, Димитар Аврамовски Пандилов, Вангел Коџоман и Томо Владимирски. Димитар Пандилов, првиот северно македонски импресионист, со чија изложба во 1926 година, хронолошки, почнува модерната уметност во Северна Македонија. Вангел Коџоман инспириран од родната Струга, со распеан лиризам и сезановска аналитичност во своите слики. Томо Владимирски, пејсажист, сликајќи ги природните убавини на Северна Македонија, во почетокот со елементи на реализам, подоцна минувајќи ја фазата на импресионизам и задржувајќи се на лирски експресионизам. Плејада на истакнати ликовни уметници, кои оставија свој белег во Северно Македонската Модерна, ја дополнуваат оваа збирка, сопственост на Градската библиотека. Томо Шијак, носител на авангардни сфаќања и компоненти во нашата современа уметност. Глигор Чемерски, кој прв ја внесува во македонското сликарство гестикулацијата, чистиот потег како нова сликарска доблест. Васко Ташковски, значаен претставник на северно македонскиот надреализам. Владимир Георгиевски, кој „црта” со боја. Трајне Јанневски, сликајќи ја човечката фигура или фигурата на некое животно, го совладува просторот со елементи на „магичен реализам”. Коле Манев, на оригинален начин стана една од централните фигури во нашата уметност, сликајќи портрети и човечко тело предадено во разни варијанти. Данчо Ордев со богат колорит и стилизиран сезановски пејсаж, Гоце Божурски и Димитар Стојчевски. Богатството на Градската библиотека, прикажано преку колекцијата на уметнички слики, претставува скапоцен дел од сведоштвото за историјата на северно македонската култура, за творечките настојувања и достигнувања на доајените на Северно Македонската Модерна, нивните следбеници и новите генерации ликовни уменици.

Јулија Темелкова, историчар на уметност

Дел од колекцијата на уметнички слики во сопственост на ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ Скопје

Димитар Пандилов
ВРАЌАЊЕ / RETURNING, 1945
Вангел Коџоман
ПАЗАР / BAZAAR, 1948
Вангел Коџоман
СТРУГА / STRUGA, 1949
Томо Владимирски
МЕЧКИН КАМЕН / MECKIN KAMEN
Томо Шијак
ПЕЈСАЖ / LANDSCAPE, 1978
Глигор Чемерски
СРТ / RIDGE, 1973
Васко Ташковски
ВЕГЕТАЦИЈА / VEGETATION
Данчо Ордев
1993
Владимир Георгиевски
МАРКО ЦЕПЕНКОВ / MARCO CEPENKOV, 1999
Димитар Стојчевски
НЕОБИЧНА ЦИВИЛИЗАЦИЈА / UNUSUAL CIVILIZATION, 1972
Гоце Божурски
2003