Средба со Македонски автори
Директорот на Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ Скопје, г-динот Бранко Цветкоски имаше средба со писателите на детска литература, Косара Гочкова, Стојан Тарапуза, Велко Неделковски, Наум Попески, Васил Мукаетов, кои подарија свои книги на Библиотеката. Книгите ќе бидат донирани на Универзитетската клиника за детски болести Скопје во „Игротека-Библиотека“ која е во фаза на опремување со мебел, книги и играчки. Овие активности се продолжување на хуманитарната акција „Читај книга и подари здравје“ која ја организираше Библиотеката во месец октомври.