50 годни од стихозбираката „Корабија“
На 12 март 2014 година во Спомен собата на Миладиновци, со почеток во 12.00 часот, во Градскта библиотека „Браќа Миладиновци“ во Скопје се одржа Книжевно пладне - одбележување 50 годни од излегувањето на стихозбираката „Корабија“ од академик Радован Павловски. За поезијата на Павловски говореа академик Милан Ѓурчинов, Бранко Цветкоски и Мите Стефоски. Стихови од „Корабија“ кажуваше актерот Томе Витанов. Акедемик Радован Павловски, поет, есеист, патописец, колумнист, роден е на 23 ноември 1937 година во Ниш, Србија, каде неговото семејство престојувало како печалбари. Подоцна со семејство се враќа во Железна Река, поетската татковина и митското село на Радован Павловски, сместено во подрачјето меѓу Гостивар, Кичево и Поречје во Западна Македонија. Основното образование го завршил во Железна Река, средното во Гостивар и студирал право и литература на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Од 2006 година е редовен член на Македонската академија на науките и уметностите. Автор е на многу поетски книги кои оставиле длабоки вредносни карактеристики и обележја кои изобилуваат со убавини и уникатности во македонска поезија. Добитник е на сите позначајни книжевни награди за поезија во Република Македонија, носител е на високи поетски награди од поранешните поетски и културни југословенски простори, како и на влијателни светски признанија за животно дело, од кои се одделува Наградата за врвни достигнувања во 20 век од Меѓународниот биографски центар од Кембриџ, која е неповторлива во наредните стотина години. Радован Павловски е застапен во и во Биографиите на 2.000 исклучителни луѓе на 20 век. Преведуван е на многу светски јазици и е застапен во сите антологии на современата македонска поезија.