Светски ден на поезијата
Во Градската библиотека „Брака Миладиновци“ Скопје се одбележа Светскиот ден на поезијата со поетска работилница на тема „Поезијата - креативна енергија на културата на еден народ“. Бидејќи креативниот потенцијал е младата популација учесници на работилницата беа ученици од средните училишта „Никола Карев“, „Георги Димитров“ и „Јосип Броз Тито“. Модераторот на работилницата, младиот македонски поет Иван Антоновски преку дискусија им даде насоки за креативно размислување и поетско творење.