Светскиот ден на раскажувањето
Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ Скопје во соработка со Проектот на УСАИД „Со читање до лидерство’’ кој го спроведува Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор’’ – Македонија, го одбележаа Светскиот ден на раскажувањето и Меѓународниот ден на театарот за деца...Светскиот ден на раскажувањето е глобална прослава на уметноста на усното раскажување. Се прославува секоја година на пролетната рамноденица. Темата за 2014 година е „Приказни за чудовишта и змејови". Актерите од Театарот за деца и младинци Соња Стамболџиоска и Мартин Јорданоски читаа и раскажуваа приказни на тема чудовишта, змејови, ламји и џинови од богатиот опус на македонски народни приказни. Ученици од прво до трето одделение од основните училишта „Коле Неделковски“ , „Гоце Делчев“ и „Христијан Тодоровски-Карпош“ заедно со нивните наставници, родители, баби и дедовци беа гости на Библиотеката и заедно раскажаа многу приказни и преданија.