Книжевни разговори
Во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ Скопје се одржа Трибина - Книжевни разговори, на тема „Современата македонска книжевност за деца“ . На Книжевните разговори посветени на Актуелниот миг во современата македонска книжевност за деца учествуваа Весна Мојсова Чепишеска, Горјан Петревски, Велко Неделковски, Александар Кујунџиски, Тамара Арсова, Наум Попевски, Бистрица Миркуловска, Славка Арсова, Ксенија Маказлиева Трајчева... Почесни гости на Трибината беа учениците од трето и прво одделение од ОУ „Коле Неделковски“ со наставничката Пепица и Весна...сепак учениците, како потенцијални читатели, се оние за кои треба да создаваат писателите...