Дружење со македонски писатели
Во Централната библиотека „Другарче“ се одржа средба на ученици од ООУ „Лазо Трповски“ со децата од игралната и македонските детски писатели: Горјан Петрески, Стојан Тарапуза и Александар Кујунџиски. Средбата е продолжение на Кампањата „20 причини да избереш книга и читање“. Учениците ги дефинираа 20 - те причини зошто е подобро да се избере книга. Следниот пат се гледаме во Општинската библиотека „Илинден“ .