Библиотеката за децата
Во библиотеката „Другарче“ на 07.02.2019 година во 13h ќе се одржи едукативно-хуманитарен проект „Библиотеката за децата“. Во рамки на проектот ќе се одржат три едукативни работилници кои се во организација на ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ – Скопје, во соработка со Светлана Јосифоска – Претседател на Здружение на просветни работници и „Јавна установа за згрижување деца со воспитно-социјални проблеми и нарушено поведение“ – Скопје.