Подвижна библиотека
БИБЛИОБУС - мала подвижна библиотека
Подвижна патувачка библиотека – библиобус или подвижно библиотекарство, е адаптирано возило опремено со книги наменети за ученици. Библиобусот, од формирањето до денес, има за цел промоција на книгата, достапност на информации, развој на култура на читање и создавање навика за читање кај детската популација. Библиобусот посетува повеќе скопски приградски населби и села, односно 19 училишта во селата: Марино, Мралино, Бунарџик, Текија, Мршевци, Кучевиште, Сопиште, Сушица, Оризари, Припор, Долно, Средно и Горно Коњари, Добри Дол, Побожје, Долно Соње, Орман, Чифлик, Лисиче, Трубарево Волково. Учениците се ослободени од наплата за амортизација на позајмените книги. Подвижната библиотека работи пет дена во неделата, од септември до јуни, и ги посетува училиштата според претходно утврден план. Со библиобусот се овозможува полесен пристап и популаризација на книгата и до оние места кои се оддалечени од централните библиотеки и клонови. (мапа и распоред на движење на возилото)