Оддел за издавачка дејност и дигитализација на книжен фонд
Градската библиотека, во 2006 година, започна со реализирање на проектот e – книга (електронска книга), со дигитализација на дел од библиотечниот фонд во PDF формат. Дигитализирани се старопечатени книги на македонски јазик, објавени во периодот помеѓу 1935 и 1950 година, како и понови изданија на македонската книжевна продукција. Дигиталната колекција е достапна за сите членови на библиотеката и може да се најде на интернет-страницата www.gbsk.mk во делот за Е-книги.