Претставување на творештвото на Виктор Радун Теон
Денес, во Спомен собата на „Браќа Миладиновци“ беше претставено творештвото на Виктор Радун Теон.
Виктор Радун Теон, поет, филозоф и футуролог од Србија, ни ги претстави своите литерарни и филозофски дела, во кои критички се осврна на напредокот и Четвртата индустријска
револуција, којашто, врз основа на новите технологии (Вештачка интелигенција, нанотехнологија, Виртуелна и Аугментативна реалност, Интернет на нешта, биотехнологија, роботика, неуронауки и др.)
и идеологијата и филозофијата на трансхуманизмот, човештвото го води во ќорсокак.
Промотори беа Христо Петрески и Васил Тоциновски.