Одбележување на 21 Март - Светскиот ден на поезијата
По повод Светскиот ден на поезијата 21 Март, Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ - Скопје и Средното училиште на Град Скопје „Георги Димитров“ ја продолжуваат долгогодишната соработка
во организирање и реализирање заеднички културни настани. Во духот на таквата соработка, група ученици од четврта година, поттикнати од училишниот библиотекар Маја Темелковска и професорката
по македонски јазик и литература Марина Ивановска, организираа литературен час насловен „Поетска рефлексија“. Учениците, љубовта кон поезијата ја преточија во поетска рефлексија. Издвојувајки ја својата
омилена поетска творба, вдахнувајки и лични импресии и емоции, резултирајки со поинаков смисол на стиховите со секој нов нејзин читател. Денешниот ден го одбележуваат три настани: Денот на пролетта,
денот на екологијата и Светскиот ден на поезијата.