Во чест на Св. Климент
По 12-ти пат учениците од основните училишта во Скопје, а од оваа година и од соседните држави имаа можност да земат учество на Меѓународниот литературен конкурс организиран од библиотека
„Другарче“, ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ - Скопје, во чест на празникот „Св. Климент Охридски“. Презентирајќи ја својата поетско-прозна имагинација и интерпретација учениците ја
искажаа својата вечна почит и благодарност кон Свети Климент-ученикот на Браќата Кирил и Методиј и основачот на првиот сесловенски универзитет во Охрид- центарот на културните и творечки
збиднувања на европското небо, во IX век.
Ова се извадоци од наградените творби на Меѓународниот литературен конкурс:
- ... Секоја книга е посебен брод
- со кој дознаваме за нашиот род,
- за минатото, сегашноста и иднината,
- со знаење да ја осветлиме темнината...
Даниел Христовски (гран при)
ООУ „Јан Амос Коменски“- VII б одд.
- ...Шта је шума без птица,
- шта је небо без облака,
- шта је књига без снова?
- То је човек без пријатеља...
Милица Бојиќ (прво место)
ОУ „Јован Поповиќ“-Инѓија, Р. Србија VIII1 одд.
- Книгите се бродови со кои пловиме низ времето
- Пријателството е светлина што сјае во твоето срце, кога е темно надвор
Ова беа темите за литературниот конкурс на кој од пристигнатите 119 поетско-прозни остварувања на ученици од 16 основни училишта беа избрани најдобрите.
Добитници на гран при наградите се следните ученици (поезија и проза, одделно за домашни и странски учесници):
- Даниел Христовски ООУ „Јан Амос Коменски“- VII б одд.
- Ема Маневска ООУ „Вера Циривири-Трена“- VI a одд.
- Милица Симиќ ОУ „Јован Поповиќ“-Инѓија, Р.Србија-VII 1 одд.
- Владислав Бојиќ ОУ „Јован Поповиќ“-Инѓија, Р.Србија-VI 2 одд.
Поради пандемијата на вирусот КОВИД-19 литературниот конкурс се реализираше ONLINE, преку испраќање на литературните творби на email.