Онлајн работилница
Во периодот од 7 - 8 април, нашата библиотека, односно неколку библиотекари имаа можност да учествува на онлајн работилницата за развој на компетенции за писменост и други јазици
преку организирани активности. Работилницата беше реализирана во рамките на проектот Еразмус + „ Унапредување на писменоста и усвојување на странските јазици кај учениците од
основното образование, преку развивање на знаења, вештини, ставови и вредности во рамки на воннаставните активности“, кој го спроведуваат Доминиум културно јадро Скопје,
Градска библиотека Риека од Хрватска и СОУЕЕ "Константин - Кирил Филозоф" Русе од Р. Бугарија.
Водена од Градската библиотека Риека, работилницата понуди увид во широкиот спектар на активности и програми на библиотеката, со фокус на оние дизајнирани за учениците. Исто така, поттикна размена
на искуства и знаења во врска со воспоставувањето и функционирањето на читачките клубовите како платформи за подобрување на писменоста на учениците, како и на други вештини.