Меморандум за соработка
Директорката на ЈУ Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ - Скопје и директоротна ПСЗУ „Хантерс Лајф“ - Катланово, Скопје потпишаа меморандум за соработка кој ќе опфати низа активности од областа
на едукацијата, социјализацијата, интерактивноста и креативноста на старите лица преку библиотерапија. Во таа насока Библиотеката се обврзува, еднаш месечно да достави книжни наслови
од својот фонд, на лицата згрижени во „Хантерс Лајф“. Овој Договор доби и практична примена, така што Подвижната библиотека која е дел од Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ ги достави
првите книги до „станарите“ на „Хантер Лајфс“. Фотографиите кои го следат текстот најдобро ја отсликуваат радоста и среќата кај старите лица кои што добиваат можност
да прочитаат добра книга, и за момент да ги заборават овие тешки денови на Ковид 19.
Благодарност за идејата која потекна од Јулија Симовска-Динковска - раководител на библиотека ,,Страшо Пинџур“, во
соработка со Катерина Серафимовска - социјален работник, но и оние кои овозможија нејзина реализација: Сузана Данаилова - директорка на ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ и
Зоран Крстановски - директор на ПСЗУ „Хантерс Лајф“, Катланово.