Литературно читање
Во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ – Скопје, во Спомен собата на Миладиновци по повод 21 Март – Светскиот ден на поезијата се одржа литературно читање. На литератуното читање присуствуваа ученици од СУГС „Георги Димитров“ од Скопје под менторство на д-р Соња Енџекова – Сопотска, професор по македонски јазик и литература и Маја Темелковска, библиотекар и професор по руски јазик и книжевност и ученици од СУГС „Никола Карев“ од Скопје под менторство на Татјана Лаљек – Кулишевска, професорка по македонски јазик и литература. Тема на поетското читање беше „Бесконечноста како императив на убавината“. Поезија читаа учениците од двете училишта и поетесата Наташа Сарџоска.