Во чест на Светите Браќа
Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ - Скопје, библиотека „Другарче“ традиционално, по 10-ти пат организираше литературен натпревар-конкурс по повод празникот „Св. Кирил и Методиј“
(24-ти Мај) за учениците од основните училишта во Скопје. Поради пандемијата со КОВИД 19 натпреварот мораше да се одржи ONLINE, а истиот немаше меѓународен карактер како минатата година.
Оваа година учениците имаа две теми за литературно претставување:
- „Какви ти се мислите, таков ти е животот“
- „Мојот најдобар другар-ка“
И покрај се, интересот кај учениците беше повеќе од задоволителен, пристигнаа точно 85 творби, од кои Комисијата ги одбра најдобрите и ги награди со книги, гратис членски карти и дипломи. Добитници
на гран-при за 2021 година се:
- Сара Цветкова од ООУ „Мирче Ацев“- VII б одд. (поезија)
- Деа Деспотовска од ООУ „Јохан Х. Песталоци“- VIII 3 одд. (поезија)
- Мила Насковска од ООУ „Димо Хаџи Димов“- IX в одд. (проза)
Младите литерати преку своите поетско-прозни остварувања ја изразија својата почит и благодарност кон ликот и делото на Кирил и Методија, Браќата кои сиот свој живот го посветија на
просветителско-културното воздигнување на словенските народи. ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци“-Скопје од своја страна им се заблагодарува на сите ученици и нивните ментори за учеството во
одбележувањето на овој значаен празник.