Донација на книги од Форумот на словенските култури (ФСК) – по предлог од издавачката куќа „Слово“
Форумот на словенските култури (ФСК) со седиште во Љубљана, Словенија, кој ја координира културната соработка на тринаесет словенски земји членки на планот на културата и уметноста, во соработка
со издавачи во одделните држави, го остварува и познатиот проект „100 словенски романи“.
Форумот на словенските култури сега одлучи, комплетот од петнаесетте романи објавени на македонски јазик кај нас, да го донира на десет наши библиотеки, меѓу кои и на ЈУ Градска библиотека
„Браќа Миладиновци“ од Скопје, културни установи или друштва. Предлог-изборот на оние културни субјекти кои би ја примиле донацијата беше на издавачката куќа „Слово“ и воопшто натамошната
реализација и афирмација на оваа донација на ФСК.
Форумот на словенските култури е во комуникација и координација со Министерството за култура на Република Северна Македоинија, а исто така во таа комуникација е и издавачот „Слово“, реализатор на
проектот „100 словенски романи“.