“Детски литературен хепенинг“
На 17.09.2021 год., петок, во 12 часот, библиотеката „Илинден“ која е дел од интегрираниот систем на ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци”- Скопје, беше домаќин на интересен културен настан,
литературно читање за деца на возраст од 8-12 години. Овој детски литературен „хепенинг“ е плод на заедничка организација и реализација на библиотеката „Илинден“ и издавачките куќи „Темплум“
и „Сказнувалка“, а во рамките на културниот проект „Читај ми“, финансиски подржан од Градот Скопје. Целта на овој проект е промоција на нови детски книги и создавање навики за читање кај
децата, како и ревитализација на корисничките перцепции за библиотеките како важни локални културни центри.
Двете издавачки куќи, учесници во овој проект, донираа детски книги за библиотеката „Илинден“. Инаку, настанот се одржа со строго почитување на сите протоколи за заштита од КОВИД-19.