Промоција на книгата „Денот на црвот“
Вчера (7. Јуни), во Паркот на поезијата, во ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ – Скопје, се одржа промоција на книгата „Денот на црвот“ од Симона Јованоска. Романот е добитник на наградата
„Роман на годината“ за 2021 година што ја доделува Фондацијата „Славко Јаневски“ од Скопје. За романот зборуваше Наташа Абрашева – Нациќ, а делови од романот читаше актерката Ива Милчова.
Модератор беше Братислав Ташковски.