Информација за одржан настан
На 5 мај 2022 година во нашата библиотека се одржа настанот „Ден на македонскиот јазик“, посветен на Кодивикацијата на македонскиот литературен јазик на 5 мај 1945 година.
За овој значаен ден од нашата историја и постоење беседа одржа проф. д – р Димитар Пандев од Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, а извадоци од рефератите на дел од кодификаторите, Блаже Конески,
Крум Тошев, и Васил Иљоски, читаше актерката Сања Русеска – Ризеска. Исто така без прочитани и стихови од Ацо Шопов, Славко Јаневски и Гане Тодоровски.
На настанот присуствуваа и ученици од Гимназијата „Георги Димитров“ и средното училиште „Владо Тасевски“ од Скопје.