Чествување на Коле Чашуле
На 2 јуни 2021 година во ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци“- Скопје се одржа чествување на големиот македонски прозаист и драматичар Коле Чашуле.
Чествувањето беше по повод сто години од неговото раѓање. За огромното дело на Коле Чашуле говореше проф.д-р Весна Мојсова -Чепишевска а делови од творештвото интерпретираше актерката Јована Спасиќ.
Настанот се одржи во спомен - собата на Миладиновци во Библиотеката со почеток во 12.00 часот, со задолжително почитување на пропишаните мерки за одржување културни настани на затворено.
Коле Чашуле беше припадник на легендарната прва генерација македонски писатели. Тој континуирано бил присутен на македонската книжевна сцена повеќе од шест децении. Автор на дваесет и четири драми,
дванаесет романи, четири книги раскази, шест кноги есеи и една монографија . Делата му се преведени на десетина јазици и добитник е на голем број награди во Македонија и во странство.
Во 2003 година е избран за почесен член на МАНУ.
Коле Чашуле е роден на 21 март 1921 година во Прилеп а почина на 22 септември 2008 година во Скопје.