КНИЖЕВНО ЧИТАЊЕ „ХРАБРИ НОВИ ЗБОРОВИ“
На на 5 октомври, во 12 часот во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ – Скопје, ќе има особено интересен настан: КНИЖЕВНО ЧИТАЊЕ „ХРАБРИ НОВИ ЗБОРОВИ“
- Ќе сретнете осум европски и осум македонски автори.
- Ќе бидат прочитани извадоци од петнаесеттина вредни дела.
- Ќе слушнете како звучат во оригинал на десетина јазици.
- Ќе ги запознаете разликите меѓу различните жанрови и стилови.
- Ќе ја доживееме храброста на зборот на новите книжевни гласови.
- Ќе уживаме во изблиците на енергијата на нашата една и единствена – Ана Голејшка Џикова.
За тимот на странски учесници: Ирса Сигурдардотир (Исланд), Петар Денчев (Бугарија), Богдан-Александар Станеску (Романија), Кристина Гавран (Хрватска),
Оља Стојанова Џакова (Бугарија), Игор Штикс (Хрватска), Даина Ополскаите (Литванија), Надја Теранова (Италија), Моника Компаникова (Словачка)
За тимот на домашни учесници: Јордан Коцевски, Снежана Стојчевска, Билјана Црвенковска, Петар Андоновски, Елена Филиповска, Владимир Јанковски, Елизабета Баковска, Жарко Кујунџиски
Настанот ќе го води поетесата Ана Голејшка Џикова.
Локација: Спомен собата на браќата Миладиновци.
Настанот е реализиран во соработка со Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ – Скопје
Бидете таму!