Сто години од раѓањето на Блаже Конески
Витезот на современата македонска поезија
Еден век нé дели од неговото појавување на македонското поетско соѕвездие. Во временски рамки тоа можеби е малку, но мерејќи со македонскиот хронометар на постоењето тоа е вечност
што нé одржува и турка нанапред низ сите магли и ветрометини.
Конески со многу нешта го задолжи нашето постоење. За тоа е многу пишувано и ние само ќе го потврдиме тоа. Тој беше сé она кое му е потребно на еден народ да опстои: Татко на јазикот, исклучителен зналец,
доблесен професор и еден од најраскошните и најдобри македонски поети.
Веќе кажавме и затоа не сакаме да се повторуваме за неговата големина, за неа не треба многу да се зборува бидејќи таа е сама по себе и темелник и обелиск и не сакаме ни да помислиме поинаку.
Одбележувајќи го овој свечен миг, сто години од неговото раѓање, ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци“- Скопје објавува едно лирско мементо за великанот, за Големиот витез на македонската поезија.
Никогаш да не се заборави!
„Јазикот е нашата татковина“
„Послушајте Македонци! Јазикот е единствената наша татковина. Сé додека го чуваме, го негуваме, го вардиме, го гледаме е јазикот наш македонски – ќе може да сметаме дека ја имаме и татковината. Како куќа, како дом,
како огниште “
Блаже Конески
„Жената“
Само жената му дава
димензија на животот,
со својата мекота и цврстина,
со својата мазност,
со својот свилен допир,
пофин од допирот на нејзината
свилена облека,
со своите брановити движења –
да си помисли човекот
дека е исполнет со смисла
и дека се гушка со бескрајот.“
(Приватни фотографии
превземени од www.dlib.mk НУБ „Св. Климент Охридски“-Скопје)