Промоција на поемата „Алгоритмеа: Евлогија за дигиталните богови“ од Стефан Марковски
Во прекрасната и топла атмосфера на Спомен-собата на Браќа Миладиновци „Т'га за југ“ во Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ – Скопје, беше промовирана поемата „Алгоритмеа: Евлогија за
дигиталните богови“ од Стефан Марковски. Оваа „екстрамодерна“ и „апартна“ поема си подигрува со границите на сето она што го чини креативниот процес, „стрелата на времето“ и еволутивниот
творечки и технолошки развој, модалитетите на создавањето и пишувањето, дури и оние на авторството во еден роланбартовски хиперреален постмодернизам, каде како автор на едно книжевно-уметничко
дело може да се јави, макар и симболично или метафорички, „вештачкоинтелигентен софтвер“. Во самиот вовед е кажано следново: „Поемата во слободен стих Алгоритмеа е дело генерирано во 2072
година за интервал од вкуп- но 0,0325 секунди од страна на вештачка интели- генција, имено, софтверот Аполон СМ-165, кому за оваа работа му беа потребни 0,0325 секунди по отворањето на фајлот
Аполон СМ-165.exe.“
Промотор беше: Ефтим Клетников
Модератор беше: Емануела Ковачевска Китановска
Извадоци од поемата читаше: Андреј Серафимовски