76 години Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ Скопје
Денешниот ден е уште едно значајно испишување на историјата на библиотеката, почнувајќи од 15ти ноември 1945 година, кога Градската библиотека ја започна својата културно – просветна
дејност. Библиотеката „Браќа Миладиновци“, 76 години континуирано работи на проучување и промовирање на пишаната културна историја и просперитет, го развива знаењето и ги негува
националните културни вредности. Денес после 76 години постоење, Градската Библиотеката „Браќа Миладиновци“ Скопје е јавна установа од областа на културата во чиј состав влегуваат 18
библиотеки и Подвижна библиотека-библиобус, чиј основач е Град Скопје и преставува современ библиотечно-информациски сервис и едукативен центар.
15ти ноември 1945 година, весник „Нова Македонија“