Пуштен во употреба новиот товарен лифт во библиотеката „Другарче“
Во библиотеката „Другарче“ е поставен и пуштен во употреба товарен лифт, које наменет за пренесување на новонабавените книги кои се обработуваат во одделениетоза стручна обработка на книжниот фонд. Книгите потоа се дистрибуираат до сите 18 библиотеки кои се во составот на ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ – Скопје. Со ова е олеснето доставувањето на книги до одделението каде се обработувакнижниот фонд и самата дистрибуција на книгите до библиотечните подружници.Лифтот како проект на ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ – Скопје ереализиран со финансиска поддршка од Град Скопје.