Библиотека на годината
Комисијата за доделување на признанието „Библиотека на годината“, работејќи според насоките на Правилникот за доделување на признанието „Библиотека на годината“ и следејќи ги
Критериумите за вреднување / проценување на посебноста за доделување на признанието „Библиотека на годината“ заклучија дека врз основа на материјалите и содржините доставени
со Пријавите по објавениот јавен повик и врз основа на исполнување на критериумите на највисоко ниво ЈУ Градска Библиотека „ Браќа Миладиновци“ – Скопје треба да го понесе
признанието „Библиотека на годината“ за 2019 година. Ова признание беше доделено на 6 декември 2019 година (петок) во НУБ „Св. Климент Охридски“ - Скопје, а по повод 75-годишниот
јубилеј од нејзиното работење и дејствување.