Промоција на книга

dscn2924

dscn2929 dscn2925 dscn2934 dscn2920Во рамките на годинешната програма за културни и промотивни активности, во среда на 16.11. 2016 година, во ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци“-Скопје, се одржа промоција на книгата поезија „Светлината на Света Гора“ од Иван Џепароски, добитник на наградата на Струшките вечери на поезијата „Браќа Миладиновци“ за 2016 година. Во преполната сала на спомен – собата на Миладиновци за наградената книга зборуваше проф.д-р Ристо Солунчев а стихови кажуваше актерот Ѓорѓи Јолевски. На промоцијата настапи машкиот духовен хор „Хармосини“.