Книжевни разговори со Славе Ѓорѓо Димоски

Во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ на 16 јуни 2016 година во 12.00 часот ќе се одржат книжевни разговори со Славе Ѓорѓо Димоски, добитник на наградата „Ацо Шопов“ на ДПМ за 2015 година за книгата „Јазичен триптихон“. Разговорите ќе ги води Братислав Ташковски проследено со актерска интерпретација на Томе Витанов.