Јавен оглас за промоција на Проект „Скопје отворена библиотека без граници“и Меѓународна конференција на библиотеки, издавачи, автори и преведувачи

Управниот одбор на ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ – Скопје, врз основа на усвоената програма за работа на установата за 2017 година, објавува:

 

                                                                Јавен оглас

за промоција  на Проект „Скопје отворена библиотека без граници“и Меѓународна конференција на библиотеки, издавачи, автори и преведувачи

Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ Скопје како најголема градска библиотека ја презема улогата на организатор и координатор на сите активности поврзани со подигање на имиџот на библиотеките во нашата држава. Активностите ќе се одржуваат почеток на месец април и започнуваат со медиумска кампања (документарен филм и промотивно видео) со цел да се запознае пошироката публика со идејата и концептот на настанот.

Документарниот филм е замислен како динамично сценарио во кое ќе се појават писатели, актери, спортисти, пејачи кои низ свои видувања ќе ги пренесат личните искуства со книгата и библиотеката.

Промотивното видео ќе биде прикажувано на сите македонски телевизии и радио станици како информација за настанот, односно завршниот хепенинг на кампањата кој ќе се одржува на Саемот на книгата.

Маркетинг кампања : Месец април ќе се организираат маркетинг активности за информирање на читателите и корисниците на библиотеката, како и секој член на заедницата за кампањата за подигање на свеста за важноста на библиотеките за заедницата.

Право на учество:

На огласот може да учестуваат правни лица регистрирани за вршење дејност од областа на културата и позитивната законска регулатива во Република Македонија и физички лица, кои делуваат во рамките на следните дејности: продукција и маркетинг (Концептуалист,copywriter,продуцент,монтажер,дизајн,реквизитер, организатор (логистичка подршка)

Забелешка На огласот се повикуваат учесници кои ќе аплицираат за целосна или делумна продукциска поддршка, кои се пријавуваат за промоција, односно реализација на настан кој е со веќе конкретен проект.

Подносителот на пријавата треба да ги исполнува следниве критериуми за учество:

  • Да има релевантно искуство во развивање на креативни концепти за промотивни видеа
  • Да располага со технички ресурси за управување со проекти/настани
  • Стручни лица: Концептуалист, copywriter, продуцент, монтажер, дизајн, реквизитер, организатор (логистичка подршка)
  • Правните лица да бидат регистрирани во Централен регистар на РМ / физичките лица да живеат и делуваат во Република Македонија.

Критериум за избор:

  • Искуство во промотивни кампањи
  • Оригиналност и иновативност на сценарио кое е во согласност со идејниот проект
  • Креативност
  • Современ пристап кон видеопродукција
  • Финансиски најповолна понуда

Начин на аплицирање: Заинтересираните кандидати, потребно е да ја преземат пријавата од официјалната веб страна на www.gbsk.mk, истата во целост да ја пополнат, потпишат и заверат со печат (за правни лица); за физички лица – пријавата да ја пополнат и потпишат.

Потребни документи:

  • Пријава за учество на јавен оглас
  • ДРД за Правните лица регистрирани во Централен регистар на РМ/физички лица – Биографија/ЦВ.
  • Референтна листа од најмалку пет реализирани проекти
  • Професионално портфолио на УСБ (за правни и физички лица).

Јавниот оглас трае 5 дена со денот на објавувањето Пријавите треба да се достават до: ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ – Скопје;бул.Партизански одреди бр.22 Скопје. најдоцна до 12:00 часот на последниот ден од завршувањето на ОГЛАСОТ (со назнака на пликото: Промоција  на Проект)

Пријавите ќе ги разгледа Комисија составена од пет члена и решение ќе . За резултатите од Огласот подносителите на пријавите ќе бидат информирани во писмена форма во рок од десет дена по истекувањето на огласот, поточно по донесувањето на решение за избор на најповолни понудувачи. Пријавите со непотполни податоци, како и тие кои нема да бидат доставени во наведениот рок, нема да бидат разгледани. Дополнителни информации и појаснувања може да се добијат на телефон 02/ 3162544 лок.108 лице за контакт Биљана Кочишка;

                                ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ – Скопје