Промоција на книга

На 26 Мај (четврток) 2016 година во спомен – собата на Миладиновци со почеток во 12.00 часот ќе се одржи промоција на книгата „Семеен албум“ од Весна Мојсова-Чепишевска, добитник на наградата за литературна критика „Димитар Митрев“ на ДПМ за 2015 година. Промотор ќе биде проф. д-р Владимир Мартиновски. На промоцијата ќе бидат одбележани 40 години од смртта на Димитар Митрев.