Централна библиотека „Цветан Димов“
Библиотеката „Цветан Димов“ e една од најстарите библиотеки во градот. Датира од 1947 година и од самото постоење до денес е мултиетничка, единствена во од таков вид во нашиот главен град. Според организациската поставеност Централната библиотека Цветан Димов со своите клонови е многу важен сегмент во мозаикот од билиотеки, кои ја сочинуваат Градската библиотека „Браќа Миладиновци“- Скопје.
Библиотеката „Цветан Димов“ и нејзините клонови: „Св. Наум Охридски” , „Ѓорѓи Абаџиев”, „Кочо Рацин”, „Коле Неделковски” и „ 25 Мај “ се лоцирани на територијата на три скопски општини: Бутел, Гази Баба и Чаир.
Белетристиката, новите светски хитови на врвните мајстори на пишаниот збор, лектирните изданија како и научните изданија се предмет на постојан интерес на читателската публика.
Како мултиетничка библиотека, нашата институција поседува литература на повеќе јазици: македонски, албански, турски, српски итн., како белетристика, така и литература од повеќе научни области. Централната библиотека „Цветан Димов“ е лоцирана во новата зграда на општина „Чаир“.
Клонови
КОЧО РАЦИН
КОЛЕ НЕДЕЛКОВСКИ
25 МАЈ
ЃОРЃИ АБАЏИЕВ
НАУМ ОХРИДСКИ
Работно време:
понеделник до петок од 08-20 часот
Адреса:
Телефон:
Ул. „Христијан Тодоровски Карпош“ бр.5, Општина Чаир
++389 (02) 2602-009
Вработени:
- Адиље Ајети – раководител на ОЕ Цветан Димов
- Адије Дестановиќ
- Силвана Димовска
- Мирјана Донева
- Ајкуна Османи
- Ертрур Мусли
- Цвета Павлевска
- Роза Велеска
- Стојановска Данка -хигиеничар
Автобуски линии: 8, 57, 59, 59а, 59б