РАБОТНО ВРЕМЕ 08.30 - 19.30 САБОТА 07.30 - 14.30
Телефон: ++389 (02) 3162-544

Британскиот оддел е дел од Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ Скопје и е донација од Британскиот совет во Македонија.

Имено овој оддел содржи повеќе од 4000 примероци на книги на англиски јазик и тоа fiction, junior fiction, classic English literature, како и примероци од научна литература од повеќе области: англиски јазик и литература, економија, менаџмент, правни науки, медицина, социологија и психологија, историја на Обединетото Кралство, биологија, хемија, физика. Во одделот може да се изнајмат едукативни материјали за изучување на англискиот јазик од почетен до највисок степен, како и материјали за подготовка за испитите од FCE, CAE, CPE, BEC, IELTS.

Располага и со едукативни материјали за професорите и наставниците по англиски јазик, методика за настава, граматика и вокабулар. Оригинални ДВД филмови на класици, блокбастери, цртани филмови и документарни емисии на BBC.

Британскиот оддел работи од понеделник до петок од 8:30 до 15:30 часот.