РАБОТНО ВРЕМЕ 08.30 - 19.30 САБОТА 07.30 - 14.30
Телефон: ++389 (02) 3162-544

Меѓународна конференција на библиотекари, иноватори и креативци - 04-04-2018

20 Април 2018 година, Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ Скопје организира настан за промоција на библиотекарството под наслов „Меѓународна конференција на библиотекари, иноватори и креативци“,почеток 10 часот, Хотел „Континентал“ Скопје, како дел од „Годишната програма на проекти и манифестации во областа на културата од јавен интерес за Град Скопје за 2018 година“.

Тема на конференцијата е „Библиотеките помеѓу визијата и дилемата“. Учесници на Конференцијата се гости од библиотеките од Белград, Кикинда, Сараево, Ужице, како и библиотекарите од јавните, универзитетските, градските и школските библиотеки од Македонија, и професорите од Катедрата по библиотекарство од Педагошкиот факултет во Скопје. На Конференцијата ќе се разговара, дебатира, ќе учиме меѓусебно за се она што е ново како иновативни услуги, трендови, она што е IN и OUT, ќе се размислува креативно во насока на Design thinking for libraries.

Во склоп на „Меѓународната конференција на библиотекари, иноватори и креативци“ ви најавува премиерна изведба на монодрамата „БИБЛИОТЕКАРКА“ од авторот Мирко С. Марковиќ.

Влези во нов свет, „Библиотеките помеѓу визијата и дилемата“, Скопје, 2018
bibliotekarka

БИБЛИОТЕКАРКА

Монодрама  – Библиотекарка – во изведба на Александра Манасивјевиќ  (Театар МОДЕРНА ГАРАЖА) – ИНТЕРНЕТ КЛУБОТ- е- ТЕАТАР го реализира единствениот Wi Fi, YOU TUBE и WEB проект Библиотекарка (www.bibliotekarka.rs).

Монодрамата нѐ запознава со ДРУГАТА СТРАНА НА БИБЛИОТЕКАТА , напишанаод перото и компјутерот на нашиот често контраверзен, но најголем библиотекар (според килограмите и наградите  добиени  во струката) Мирко С. Марковиќ.

Мирко Марковиќ, почитуван библиотекар, писател и толкувач на човечките души, умеел да го препознае новиот извртен  живот и  на само нему својствен начин, вешто да го преточи во литературата. И тоа не во било каква литература, туку во сочна, живописна како што тој кажува, „монофазна“ комедија, со оригинална верзија. Марковиќ, кој е мајстор на кратката форма, со својата комедиографска дарба,  всушност потврдил дека по сите порази и потопи, политички разидувања и неверувања, дојдено е времето кога сѐ е толку трагично што не ни преостанува ништо друго освен да се смееме во изобилство.

Не е случајно што тематски интригантната содржина е создадена од некои нови лексеми и синтагми со кои во голема мерка е натежнат српскиот јазик, како во стручната пракса така и во секојдневието. Повеќе не нѐ збунуваат зборовите како што се: јавна набавка, тендер, избор он лајн…. збирка од оддели, в.д. таа, в.д. тој… фејсбук, месинџер, покемони, три во едно.

Главната хероина на оваа секојдневна  животна приказна, библиотекарката (во монодрамската комедија тоа е несекојдневната еротски и емотивно убедливата глумица Александра Сашка Манасивјевиќ) доминира со својата добрина.

Во освежително горката монодрама оваа неостварена „удавача“ „мома за мажење“ никако да го дофати својот момент за полетување кон подоброто.

И тогаш кога апелира и моли библиотеката да се врати на библиотекарите, односно на библиотекарките, авторот алудира на беспаќата на културните збиднувања, на злите времиња кои доаѓаат и на несигурната егзистенција која е пред нас, сопствената, личната, но и на библиотеките и на библиотекарствто општо.

И тоа е кулминацијата на пораката и на текстот на монодрамата која е со мирис на комедија и со горчлив вкус на сарказам :

ДЕКА ЖИВОТОТ НЕ Е ИГРА И ДЕКА
БИБЛИОТЕКАРИТЕ НЕ СЕ ПОКЕМОНИ !